Одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2013 година
Врз основа на членовите 1,4,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди (Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” на седницата одржана на 17.9.2013 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „11 Октомври,“ во 2013 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија
1. За животно дело во областа на науката и образованието наградата му се доделува на:
- проф . д-р Срѓан Керим, економист и дипломат.
2. За животно дело во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на:
- Решат Амети, ликовен уметник.
3. За животно дело во областа на новинарството наградата му се доделува на:
- Драгослав Аргировски, новинар и публицист.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во,,Службен весник наРМ“.
Претседател на Одборот,
академик Георги Старделов