Врз основа на членовите 1,4,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” на седницата одржана на 17.09.2014 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2014 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија
1. За животно дело во областа на науката и образованието наградата им се доделува на:
- проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и
- проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.
2. За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
- Шукри Рамадан, музичар, педагог и диригент
- Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и
- акад. Катица Ќулавкова, писателка.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“ .
Претседател на Одборот,
академик Митко Маџунков