Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2014 година

Врз основа на членовите 1,2,9,11,12,16,18 и 4-а од Законот за државните награди и законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” на седницата одржана на 1.10.2014 година донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2014 година
за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно - историското     
 наследство на Република Македонија
1. За остварување во областа на науката и образованието наградата и се доделува на:
- проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед.
2. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
-Милош Линдро , писател
-Доне Милјановски, ликовен уметник.
-Димитар Узунски, народен уметник, фолклорист и
-Македонска филхармонија.
3. Оваа одлука стапува во сила од  денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на РМ “.

Претседател на Одборот
за државната награда„23 Октомври”
академик. Владо Матевски