Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2012 година
Врз основа на членовите 1, 2, 9, 11, 12, 16, 18 и 4-а од Законот за државните награди и законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” на седницата одржана на 5.10.2012 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2012 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно - историското наследство на Република Македонија
1. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
-проф. Владимир Георгиевски, ликовен уметник од Скопје
-Халил Зендели, писател од Скопје.
2. Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на РМ “.
Претседател на Одборот за
државната награда„23 Октомври”
академик Владо Камбовски