ДРЖАВНА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“
Согласно со член 4-а од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 април.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 23 oктомври – Ден на македонската револуционерна борба.
Државната награда „23 Октомври“ за првпат е доделена во 2007 година.