Врз основа на членовите 8,9,11,12,13, 17,18 и 19 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.” бр.52/06, бр.54/07 и 74/12 ) и членовите 1,4,6,8 и 22 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, на седницата одржана на 14.6.2016 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда„Мајка Тереза” во 2016 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери
1. За остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, државната награда се доделува на:
- прим. д-р Димитар Котевски
2. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ” .
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА
НАГРАДА”МАЈКА ТЕРЕЗА”,
Проф. д-р Марко Китевски