Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2015 год
Врз основа на членовите 1,2,7,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.” бр.52/06,бр.54/07 и 74/12) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, на седницата одржана на 30.11.2015 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” во 2015 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија
1. За остварување во областа на публицистиката државната награда им се доделува на:
- м-р Игор Анѓелков, публицист
- проф. д-р Мишо Нетков, публицист
2. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Македонија”.
Претседател на Одборот за доделување
на државната награда “Мито Хаџи Василев - Јасмин”,
Јордан Плевнеш