Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 18.11.2013 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:
- проф. м-р Аџи Фида, педагог-методичар.
2. Во областа на културата и уметноста, наградата и се доделува на:
- доц. м-р Александра Мијалкова, примабалерина.
3. Во областа на здравството, наградата им се доделува на:
- проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и
- примариус доктор Коте Тасевски, специјалист ендодонт.
Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ”.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2013 година (недела) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на Одборот за
државната награда „Св. Климент Охридски“,
академик Вера Битракова-Грозданова