Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2014 година

Одборот за доделување на државната награда “Св. Климент Охридски” распишува

К О Н К У Р С

за доделување на државната награда “ Св. Климент Охридски “ во 2014 година

Со државната награда “Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

            Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес за Република Македонија.

            На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

            На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.

            На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

            Паричниот износ на државната награда “Св. Климент Охридски” изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

            Државната награда “Св. Климент Охридски” се доделува, по правило, секоја година.

            Во една година може да се доделат најмногу до пет (5) награди.

            Иницијатива за доделување на државната награда “Св. Климент Охридски” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

            Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса -улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

            Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

            Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 20 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1)  примерок.

            Адреса на којашто треба да се достават иницијативите е:

            Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда “Св. Климент Охридски”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

            Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2014 година.

            Некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсот нема да бидат разгледувани.

Одбор за доделување на

државната награда

„Св. Климент Охридски “


kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia