Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2014 година

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06,54/07 и 74/12)  и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 18.11.2014 година донесе ...

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2014   година за    највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

1.Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:

- проф.д-р Амет Шериф, историчар

- проф. д-р Велимир Стојковски, биохемичар.

2.Во областа на културата и уметноста  наградата му се доделува на:

- академик Цветан Грозданов, историчар на средновековнатауметност.

3. Оваa одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник наРМ“.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2014 година (понеделник ) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Претседател на одборот за

државната награда „Св. Климент Охридски“

академик  Витомир Митевски        

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia