Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година

Врз основа на членовите 1,5,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” на седницата одржана на  23.11.2015 година донесе


                                                                 О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Македонија
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:   - проф д-р Горан Ајдински - дефектолог   - проф д-р Ратомир Грозданоски - теолог, библист и филолог
2. Во областа на културата и уметноста  наградата му се доделува на:   - Раде Силјан - поет,литературен критичар и есеист
3. Во областа на здравството наградата и се доделувава на:   - доц. д-р сци. Аспазија Софијанова -  педијатар
4. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во  ,,Службен весник на РМ”.


Претседател на Одборот

за државната награда

„Св. Климент Охридски”

академик Витомир Митевски