Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2011 година

ОДЛУКА


Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 16.11.2011 година донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2011 година за    највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и        унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес   на Република Македонија.

1. Во областа на воспитаниeто и образованието, наградата му се доделува на:

проф. д-р Драги Митревски, археолог.

2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на :

академик Луан Старова, писател и

м-р Никола Фиданоски, ликовен уметник.

Оваa одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2011 година (четврток) во 14 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.
 Претседател на одборот за
                                          државната награда „Св. Климент Охридски“,
                                                 академик  Вера Битракова-Грозданова