КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2014 ГОДИНА“

ПОДИГНИ ПРИЈАВА

Врз основа на член 63, став 4, а во врска со член 8, став 2, точки 4 и 7, и членовите 60 и 61, став 1, точка 2 од Законот за култура („Службен  весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05,24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12 и 23/13) Министерството за култура распишува


КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС,

МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2014 ГОДИНА“


I

            Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2014 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2014 годинa“.

II

            На Конкурсот може да учествуваат сите општини во Република Македонија.

            Општините треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција, како и презентација на актуелните културни вредности.

III

            Пријавувањето на програмите ќе се врши со пополнување формулар – пријава која ќе биде објавена на веб–локацијата на Министерствотo за култура ( www.kultura.gov.mk).

IV

           Програмата треба да ги содржи елементите наведени во пријавата, и тоа:

-          цели и очекувани ефекти од проектот;

-          просторни капацитети (изложбени салони, сценски простор за реализација на концерти, театарски претстави и други форми на уметничко изразување) во кои ќе се реализира манифестацијата  „Град на културата во 2014 година“;

-          програми од различни области на културата: музика, театар, филм, изложби од ликовната и од музејската дејност, презентација на литературното творештво, промоција и презентација на книжевното и на културното наследство;

-          финансиска конструкција  со структура на приходи и структура на расходи.

V

Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, а ќе биде објавен и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

            Програмите треба да се достават до Министерството за култура преку пошта, на адреса ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје или во архивата на Министерството, најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.

            Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.

VI

За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени. Реализацијата на прифатениот  проект ќе биде составен дел од Годишната програма за финансирање програми и проекти од национален интерес во културата за 2014 година.

 Министерството за култура ќе склучи договор за заедничко финансирање со локалната самоуправа за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2014 година“. За  дополнителни  информации,  може  да   се   обратите   на   тел. 02 3289 - 797 kaj државниот службеник Лилјана Мострова.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА