КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ

ПОДИГНИ ПРИЈАВА

Врз основа на член 63 став 1 точка 9 и член 65 став 4 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07 и 116/10, 47/11, 51/11 и 136/12), Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ

ВО ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ

I Општи информации

Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните индустрии во Република Македонија, Министерството за култура во 2014 година ќе обезбеди средства од Буџетот на РМ за финансиска поддршка на проекти, приоритетно, во следниве области на креативните индустрии: занаети и уметнички вештини, индустриски дизајн, дизајн на мебел, внатрешен дизајн, дизајн на продукти и пакување, дизајн на накит, моден дизајн, манифестации во кои се промовира културниот туризам, природните убавини, и се афирмираат традиционалните вредности во Република Македонија и едукативни настани (работилници, обуки) во насока на унапредување на креативните индустрии.

Забелешка:

-Министерството за култура нема да поддржи проекти кои се однесуваат на инвестициско зајакнување (опрема и најмување на простор, разни набавки и сл.).

-Носителот на проектот задолжително да обезбеди финансиски средства од барем еден економски партнер.

II Услови за конкурирање

Проектите треба да  исполнат  најмалку еден од општите критериуми и барем три од посебните критериуми утврдени во Правилникот за критериуми за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/11 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2013), а кои се објавени на интернет-страницата на Министерството за култура.

III Право на учество

 

На Конкурсот може да учествуваат физички и правни лица регистрирани во Централниот регистер на Република Македонија.

IV Начин и рок за поднесување на пријавите

 

Пријавувањето на проектите се врши со доставување пополнетa  пријава. Пријавите од овој конкурс ќе бидат објавени на интернет-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) на денот на неговото објавување.

Пријавите треба да се достават по пошта до Министерството за култура на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 или со нивно предавање во писарницата на Mинистерството најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.

V Постапка во врска со Конкурсот

Нема да бидат разгледувани следниве пријави: пријави што се доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пријави што се нецелосно пополнети и пријави пополнети на несоодветен образец. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, а ќе биде објавен и на интернет-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени со решение од Министерството за култура.

Проектот поддржан на овој  конкурс ќе биде составен дел од Годишната програма на Министерството за култура за остварување национален интерес во културата во 2014 година.

Министерството за култура ќе склучи договор за кофинансирање на проектот со субјектите чии проекти ќе бидат избрани на овој јавен повик.

За  дополнителни  информации,  може  да   се   обратите   на   тел. 02/ 3207-443 кај одговорниот државен службеник Зорица Цветанова. 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia