КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО 2014 ГОДИНА

Одборот за доделување на државната награда “Мајка Тереза” распишува

К О Н К У Р С

за доделување на државната награда “Мајка Тереза” во 2014  г.

Со државната награда “Мајка Тереза” се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.

                Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

                На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

                На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.

                На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

                Паричниот износ на државната награда “Мајка Тереза” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

                Државната награда “Мајка Тереза “ се доделува, по правило, секоја година.

                Во една година може да се доделат најмногу до две награди.

                Иницијатива за доделување на државната награда “Мајка Тереза” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

                Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

                Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

                Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1)  примерок.

                Адреса на којашто треба да се достават иницијативите е:

                Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда “Мајка Тереза”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

                Конкурсот трае од  1  до 30 април 2014  година.

                Некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсов нема да бидат разгледувани.

Одбор за доделување на државната наградаМајка Тереза

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia