Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2011 година

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” распишува

К О Н К У Р С

за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2011 година

Со државната награда „11 Октомври” се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

Државната награда „11 Октомври”, по правило, се доделува секоја година.

Државната награда се доделува на поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.         

Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, групи творци, екипи и институции од странство.

На награден поединец му се доделуваат: диплома, плакета и паричен износ.

На секој член на наградена група творци или екипа му се доделуваат: диплома, плакета и еднаков дел од паричниот износ.

На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделуваат: диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „11 Октомври” изнесува петнаесет (15) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Во една година може да се доделат најмногу пет (5) награди.

Иницијатива за доделување на државната награда „11 Октомври” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

Подносителот на иницијативата мора да ги наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 20 примероци, а трудови, книги, публикации и сл. се третираат како прилози и треба да се достават во еден  примерок.

Иницијативите треба да се достават на следнава адреса:

Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „11 Октомври”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

Конкурсот трае од 1.5. до 31.5.2011  година.

Некомплетните иницијативи и иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсот нема да бидат разгледувани.

Одбор за доделување на

државната награда „11 Октомври”

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia