Соопштение за поднесување на предлог-проекти од областа на културата во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културната разноликост за 2014 година

Соопштение за поднесување на предлог-проекти од областа на културата во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за  културната разноликост за 2014 година


          Информираме дека до 5 мај 2014 година заинтересираните национални и јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог-проекти до Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО,  за реализација на активности од областа на културата во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за  културна разноликост за 2014 година.     

Предлог - проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања.

Формуларот за предлог проектот и водичот како треба да се пополни истиот може да се најде на следниот линк:

  http://www.unesco.org/new/en/culture/themes/cultural-diversity/diversity-of-cultural-expressions/call-for-funding-requests/.

Предлог-проектите треба да се достават во два примерока на англиски или француски јазик во форма на формуларот на УНЕСКО придружени со еден примерок на македонски јазик.

Одбележуваме дека секоја држава – членка може да поднесе до УНЕСКО 4 предлог проекти (два чиј носител е национална/јавна институција и два чиј носител е здружение на граѓани), со посредство на Националната комисија, најдоцна до 15.05.2014 г.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia