Оглас за поднесување на предлог проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2014 – 2015 година

Оглас за поднесување на предлог проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2014 – 2015 година

Националната комисија  за УНЕСКО  при Министерството за култура на Република Македонија известува дека Генералниот директор  на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова упатува повик до државите членки да поднесат предлог проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2014-2015 година, кои треба да бидат во согласност со приоритетите на Регуларната програма на организацијата. Секоја  држава – членка по приоритетен ред може да поднесе, со посредство на Националната комисија за УНЕСКО, најдоцна до 31 август 2014 год. најмногу 7 предлог-проекти и 1 посебно од оваа квота како регионален проект,  при што конечниот избор на проектите се врши од страна на УНЕСКО. Националните  проекти се финансираат до 26.000 САД долари, интеррегионален или субрегионален проект - 35.000 САД долари  и регионален  - 46.000 САД долари.

Со цел да се обезбедат потребните подршки од другите држави за меѓународните проекти и навреме да се достават до УНЕСКО, предлог-проектите од областа на културата на англиски или француски јазик, како и на македонски, потребно е да ги доставите до Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО најдоцна до 11  јули 2014 година

Сите прелози кои ќе пристигнат после оваа дата нема да бидат земени  во предвид.

                Во прилог се формуларите за поднесување на предлог-проектите, 37 Ц / Резолуцијата 72 во која се содржани сите податоци за Програмата за партиципација (Анекс IV преведен на македонски јазик) и Анексот V кој е практичен водич за подготовка на проектите. Истите можете да ги најдете и на веб  страната на УНЕСКО: http://unesdoc.unesco.org/images/0022/002256/225624e.pdf.

Дел од Програмата и буџетот на УНЕСКО за 2014-2015, според која носителите на предлог-проектите треба да се ориентираат може да се користи од веб страната на УНЕСКО (www.unesco.org).     

            Лица за контакт:

            Лидија Топузовска, Генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија

Тел. 02/3240-517 е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

            Татјана Краљевска – Лазарова, Советник за планирање на соработката на РМ со УНЕСКО

Тел. 02/3240-591 е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ПОДИГНИ ДОКУМЕНТИ


-ФОРМУЛАР

-FORM FOR SUBMISSION OF A REQUEST UNDER THE 2014-2015 PARTICIPATION PROGRAMME

-АНЕКС IV И АНЕКС V

-pdf formular annex IV - annex V



kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia