ЈАВЕН ПОВИК

Волонтирањето ќе се спроведе во периодот од 15.7.-15.9. 2014 година

 

           Во согласност со Програмата за волонтирање, а со цел приближување на работата на државната администрација кон младите и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурирате на пазарот на трудот, Министерството за култура овозможува волонтирање за заинтересираните студенти:

  • 10 волонтери-студенти од факултетите за општествени науки

Волонтирањето ќе се спроведе во периодот од 15.7.-15.9. 2014 година.

            Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за интерес, кратка биографија и потврда од високообразовната установа на која студираат како и податоци за контакт.

Документите треба да се достават на адреса: Министерство за култура на Република Македонија, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ" бр. 61 или на е-адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака „За јавен повик за ангажирање на волонтери“.

            Рокот на пријавување е 5 (пет) дена, не сметајќи го денот на објавувањето.

На ангажираните лица, за времетраењето на волонтирањето, ќе им биде исплатен надоместок за храна и превоз согласно со чл. 10 од Законот за волонтерство („Службен весник на РМ " бр. 80/07 и 161/08).

По завршувањето на волонтирањето, Министерството за култура не презема обврска за вработување на волонтерите .

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia