Конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации (први изданија)

Конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации (први изданија)

Врз основа на член 65 став 6 и во врска со член 8 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија" бр. 31/98, 49/03, 82/05 и 24/07, 116/10, 4/11 и 51/11), Министерството за култура распишува

КОНКУРС

за откуп на самостојно реализирани публикации

(први изданија)

I. Општи информации и приоритети

Заради афирмација и поддршка на издавачката дејност, Министерството за култура во 2011 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за откуп на самостојно реализирани публикации со уметничка и културна содржина во печатена и во електронска форма првпат издадени во периодот од 15.5.2010 година до 15.5.2011 година.

Министерството за култура ќе откупи публикации од следниве области:

• творештво од автори од Република Македонија на македонски јазик и на јазиците на заедниците (до 100 примероци);

• преводна литература од светски автори (до 50 примероци);

• монографии (до 30 примероци);

• речници (до 30 примероци);

• мултимедијални ЦД-ромови од областа на културата (до 30 примероци).

II. Услови за конкурирање

На Конкурсот може да учествуваат правни и физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

- да се регистрирани правни лица;

- да се физички лица-автори кои самостојно ја издале публикацијата;

- да се физички лица-автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд;

- да приложат три примероци од предложената публикација кон секој пријавен лист.

Министерството за култура нема да ги враќа публикациите ниту ќе ги надоместува трошоците направени при нивното доставување.

На Конкурсот за откуп нема да се разгледуваат публикации кои не се издадени во наведениот период и публикации кои се претходно откупени.

III. Начин и рок за поднесување на пријавите

Поднесувањето на публикациите за откуп ќе се врши со пополнување на пријава која може да се добие во писарницата на Министерството за култура секој работен ден од 9 до 15 часот или да се преземе од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk). Во прилог кон пријавата треба да се достават три примероци од публикацијата понудена за откуп.

Пополнетите пријави треба да се достават во периодот од 16.5.2011 до 31.5. 2011 година во писарницата на Министерството за култура лично или по пошта на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје.

Нецелосни, несоодветно пополнети и задоцнети пријави нема да се разгледуваат.

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат на тел. 02/ 3240 - 575 и 02/ 3240 – 574.

Насловите на публикациите што ќе ги откупи Министерството за култура, како и откупениот број примероци од секој наслов поединечно, ќе бидат објавени во дневниот печат и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia