КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА 56-ТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВО ВЕНЕЦИЈА ВО 2015 ГОДИНА

Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/14),   Министерството за култура објавува ...

КОНКУРС

ЗА УЧЕСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА 56-ТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВО ВЕНЕЦИЈА ВО 2015 ГОДИНА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „LA BIENNALE DI VENEZIA“ (БИЕНАЛЕ ВО ВЕНЕЦИЈА)

Општи информации

Министерството за култура објавува Конкурс за финансирање проект  од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за учество на Република Македонија на „56-та Интернационална ликовна изложба“ во Венеција во 2015 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Биенале во Венеција), во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата.

Министерството за култура ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на избраниот проект/изложба во согласност со овој конкурс, односно во една од следниве категории:

1. Самостојна изложба/проект на автор кој има творечка дејност над 10 години,

или

2. Изложба/проект на група автори.

Право на учество на Конкурост

·     На Конкурсот имаат право на учество правни лица со Проекти/изложби од категориите  наведени во овој Конкурс

·     Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други субјекти регистрирани за вршење дејност од областа на културата.

  • Учесникот на Конкурсот (доколку бил корисник на средства) треба да ги има исполнето претходно преземените обврски кон Министерството за култура во последните 3 години.

Услови и критериуми

·         Условите и критериумите за учество на овој конкурс се содржани во образецот на пријавата која е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Министерството за култура на денот на објавување на овој конкурс. 

Начин на аплицирање и рок за поднесување на пријавите

·         Пријавувањето на проектот се врши со доставување пополнета пријава за учество на Република Македонија на „56-та Интернационална ликовна изложба“ во Венеција во 2015 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Биенале во Венеција).

·         Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место.

  • Пријавите може да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави – без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

Рок за доставување на пријавите

  • Рокот за доставување на пријавите во врска со Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Известување за резултатите од Конкурсот

  • Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-локацијата на Министерството за култура.
  • Сите учесници ќе бидат и писмено известени за резултатите од Конкурсот со решение на Министерството за култура.

Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за меѓународна соработка на телефонскиот број 3240-533.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ, ПРИОРИТЕТИ, УСЛОВИ, КРИТЕРИУМИ, ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ И ПРИЈАВА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia