Конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации (први изданија)

Врз основа на член  64 став 1  од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/2014), Министерството за култура распишува

Конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации (први изданија)

1. Општи информации

Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за откуп на самостојно реализирани публикации во печатена и во електронска форма, првпат издадени во Република Македонија во 2013 и во 2014 година.

2. Цел

Конкурсот за откуп на самостојно реализирани публикации – први изданија, се објавува заради:

- стимулирање на книжевното творештво од домашни автори;

- збогатување на библиотечниот фонд во Република Македонија со публикации од областа на културата и уметноста.

3. Приоритет

Министерството за култура приоритет ќе даде на:

-  оригинални/авторски дела со културно-уметничка содржина од авторите од Република Македонија,  пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците;

- публикации наменети за деца и млади  (поезија и проза);

- публикации наменети за лицата со посебни потреби.

4. Критеруми

Од понудените печатени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу  до 30 примероци.

Ќе се разгледуваат само самостојно реализирани публикации кои се издадени во наведениот период и публикации кои не се претходно откупени.

Публикации кои се изданија на учебници, сликовници и боенки нема да се откупуваат.

5. Право на учество

На Конкурсот може да учествуваат:

-  правни лица регистрирани во Република Македонија кои се издавачи на понудената публикација;

- автори кои самостојно ја издале публикацијата;

- автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд.

 

6. Начин и рок на поднесување

За учество на Конкурсот, електронски се пополнува пријавата која може да се преземе од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

Во прилог кон пријавата треба да се достават три примероци од публикацијата понудена за откуп. Пополнетата пријава и трите примероци од публикацијата треба да се достават во писарницата на Министерството за култура лично или по пошта на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје.

Конкурсниот рок  за поднесување на пријавите е заклучно со 18.11.2014 година.

Нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети пријави и пријави со кои не се приложени три примероци од понудената публикација, како и пријави доставени по истекот на рокот на Конкурсот.

Министерството за култура нема да ги враќа публикациите доставени на Конкурсот ниту ќе ги надоместува трошоците направени при нивното доставување.

7. Известување за резултатите од Конкурсот

За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени со решение на Министерството за култура. Насловите на публикациите што ќе ги откупи Министерството за култура, како и откупениот број на примероци од секој наслов поединечно, ќе бидат објавени на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

8. Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат на тел. 02/ 3240 - 575 и 02/ 3240 – 574, лице за контакт Весна Ѓуровска.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

- Пријава за откуп на самостојно реализирани публикации

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia