ГОДИШЕН КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ОД ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ ЗА 2015 ГОДИНА

Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/14), Министерството за култура објавува

ГОДИШЕН КОНКУРС

 ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

ВО КУЛТУРАТА ОД ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ ЗА 2015 ГОДИНА

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе поддржи проекти од областа на креативните индустрии со цел да се афирмира и да се унапреди овој сектор.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Право на учество на Конкурсот имаат здруженија и други правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија и физички лица.

·      Правните и физичките лица, кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.

·         На Конкурсот не може да учествуваат национални установи од областа на културата, локални установи од областа на културата, општини и образовни установи, но тие можат да бидат партнери во проектите со субјектите што имаат право на учество на Конкурсот.

III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ  И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

·         Пријавувањето на проектите се врши со доставување пополнета пријава. Пријавата од областа на креативните индустрии, која е составен дел од Конкурсот, ќе биде објавена на веб-локацијата на Министерството за култура.

·         Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место и да се завери. За секој проект се пополнува одделна пријава.

  • Пријавите може да се достават до Министерството за култура по пошта, на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје (со датум на поштенскиот жиг), или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството за култура најдоцна до 16.30 часот во работните денови.
  • Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави – без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

 

Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето, односно од 1.11.2014 година заклучно со 30.11.2014 година.

  IV. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

  • Сите учесници на Конкурсот за резултатите ќе бидат известени со решение на Министерството за култура.
  • Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-локацијата на Министерството за култура.
  • Бројот на поддржани проекти на Конкурсот и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Министерството за култура за 2015 година.

V. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за европски интеграции, културни политики и креативни индустрии на телефонските броеви: 3207-433 и 3207-443, кај одговорното лице Зорица Цветанова.

Забелешка: На 20.11.2014 година (четврток), во периодот од 11.00 до 15.00 часот,  во салата за состаноци на Министерството за култура – III кат, објект „Нова Македонија“, Министерството за култура ќе организира отворен ден за консултации во врска со Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии за 2015 година. Доколку учесниците на Конкурсот имаат потреба од совети, сугестии и прашања, на располагање ќе им бидат стручни лица од областа на креативните индустрии. 

                                                                                                                    МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ПРИЈАВА  ЗА  ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia