КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2015 ГОДИНА“

Врз основа на член 64 став 1,  член 60  и 61 став 3, а во врска со членот 8 став 2 точки 4 и 7 од Законот за културата („Службен  весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13 и 44/14), Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС,

МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2015 ГОДИНА“

I. Општи информации

Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2015 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 годинa“.

II. Право на учество

·       На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија.

·       Градовите треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција и со презентација на актуелните културни вредности.

III. Начин на аплицирање  и рок за поднесување на пријавите

·       Пријавувањето на програмaта се врши со доставување пополнета пријава која  треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, ќе биде објавена на веб–локацијата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk).

·       Со пријавата  задолжително треба да се приложат следниве документи:

- прецизна фестивалска програма со краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата;

- документ за обезбедените средства од други извори на финансирање    (локална самоуправа, сопствено учество, спонзорства, донации, друго).

·       Пријавата и програмата во врска со Конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16:30 часот на последниот ден од Конкурсот.

·       Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.

·       Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.

·       Конкурсниот рок ќе трае до  15 декември 2014 година.

IV. Известување за резултатите од Конкурсот

·       За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени со решение на Министерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени и на веб-локацијата на Министерството за култура.

V. Потпишување на договор

·       Министерството за култура ќе склучи договор за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 година“.

VI. Дополнителни информации

За  дополнителни  информации,  може  да   се   обратите   на   тел. 02/ 3289 - 797 кaj државниот службеник Лилјана Мострова.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ПОДИГНИ ПРИЈАВА - КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2015 ГОДИНА“


kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia