КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО ВО ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА,МАНИФЕСТАЦИЈА ,,ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН“ ВО 2015 ГОДИНА

Врз основа на член  64 став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 38/14, 44/14 и 61/15), Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО ВО ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА, МАНИФЕСТАЦИЈА ,,ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН“ ВО 2015 ГОДИНА 

I. Општи информации

Со цел постигнување правилна деметрополизација на културата и рамномерен локален  културен развој во земјава, Министерството за култура во 2015 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата ,,Топол културен бран“.

Манифестацијата ќе се реализира преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа со обезбеден партнерски и финансиски однос за остварување на културните потреби на сите граѓани.

Манифестацијата ќе се реализира во две етапи - првата од 20 до 31 јули, а втората од 20 до 31 август 2015 година. 

II. Право на учество и услови за конкурирање

Право на учество на Конкурсот имаат општините во Република Македонија.

На Конкурсот, општините треба да достават прецизна и сеопфатна програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

Програмскиот концепт може да содржи самостојни и групни ликовни изложби, концерти од сите музички форми и жанрови (солистички, камерни, симфониски, популарни, етно и џез концерти,  концерти на фолклорни и на хорски ансамбли и слично), изведби на класичен и на современ танц, филмски проекции, драмски претстави, проекти наменети за најмладата популација, поетски читања и друго.  

Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат општините кои ќе достават квалитетна, сеопфатна и разновидна програмска содржина со што ќе придонесат за побогат културен и туристички развој, како и општините кои гравитираат во пограничен регион и имаат туристички потенцијал.

III. Начин на аплицирање и рок за поднесување на пријавите

Пријавувањето на програмата се врши со доставување на уредно пополнета пријава која  треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура  (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место.

Со пријавата  задолжително треба да се приложат следниве документи:

- прецизна и сеопфатна програма  со опис на понудените проекти и активности;

- изјава или преддоговор со авторите/изведувачите вклучени во проектите.

Конкурсниот рок трае заклучно со 8.6.2015 година.

Пријавата и програмата во врска со Конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.

Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветна пријава, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.

Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.

IV. Известување за резултатите од Конкурсот

За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени.

V. Потпишување на договор

За реализацијата на прифатените програми кои ќе бидат составен дел од манифестацијата ,,Топол културен бран“ во 2015 година, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори со општините.

VI. Дополнителни  информации 

Дополнителни  информации  во врска со Конкурсот може  да   се   добијат   на   тел. 02/ 3240-554 и 3240-556.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ПОДИГНИ ПРИЈАВА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia