Јавен конкурс за избор на директор на Националната установа Центар за култура Григор Прличев -Охрид

Врз основа на член 30 став 1 и член 34 став 4 од Законот за културата “Сл. весник на Република Македонија” бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), Министерството за култура распишувa

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на директор на Националната установа

Центар за култура Григор Прличев -Охрид

 

I

Покрај општите услови утврдени со закон, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:

1. Висока стручна подготовка и најмалку 5 години работно искуство како раководен орган во струката;

2. Познавање на еден од светските јазици по можност англиски јазик;

3. Работно искуство од проектен и програмски менаџмент најмалку 3 години;

4. Искуство и познавање на стратешко планирање и организациски менаџмент;

II

Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2011-2015), во согласност со Законот за културата, како и следниве документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

- пријава со кратка биографија;

- доказ за завршено високо образование;

- доказ за работно искуство како раководен орган во струката;

- доказ за познавање на странски јазик;

-доказ за работно искуство од проектен и програмски  менаџмент;

-доказ за работно искуство од стратешко планирање и организациски менаџмент;

- уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

III

Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16,30 часот последниот ден од конкурсот.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia