Централно - европската иницијатива (ЦЕИ) со повик за стипендии за престој на писатели

Стипендијата на ЦЕИ за престој на писатели е награда насочена кон поттикнување на прекуграничната соработка и промоција во областа на литературата за млади писатели од земјите од Централна Европа кои сé уште не се дел од Европската унија (Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина). Стипендијата вклучува парична награда од 5.000 евра за тримесечен престој во која било од земјите-членки на Централно - европската иницијатива, избрана од кандидатот. Во овој период, избраниот автор ќе работи на литературен проект, кој тој или таа го предложил/а во неговата/нејзината апликација...

cei_konkurs_pisateli_reyidencija_mart_2018

Право на конкурирање имаат кандидати - писатели од сите жанрови на возраст под 35 години (родени по 1983 - од 1 јануари 1984 година па натаму).

Апликациите мора да бидат доставени во запечатен коверт по редовна пошта до Здружението на писатели на Словенија најдоцна до 30 април 2018 година.

Добитникот на стипендијата ќе биде гостин на 33-от меѓународен Меѓународен литературен фестивал Виленица, кој ќе се одржи од 5 до 9 септември 2018 година на различни локации во Словенија. Добитникот на стипендијата ќе биде официјално објавен на прес-конференција на крајот од август, а стипендијата ќе биде доделена на фестивалот.

Повеќе детали за стипендијата на ЦЕИ и начинот на аплицирање на следниот линк:

http://cei.int/content/cei-fellowship-writers-residence-call-applications-deadline-30-april-2018-1

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia