Согласно со член 4 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), Одборот за доделување на Државната награда „11 Октомври“ го распиша годинашниот конкурс за оваа награда, кој ќе трае од 1 до 31 мај 2018 година...
Со државната награда „11 Октомври" се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Државната награда „11 Октомври " се доделува, по правило, секоја година.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Македонија.
Конкурсот трае од 1 до 31 мај 2018.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 11 октомври – Ден на востанието на македонскиот народ, а за првпат е доделена во 1959 година.
Целосниот текст на конкурсот и начинот на пријавување на кандидатите може да се погледне и сочува на следната врска: