Поднесување на предлог-проекти од областа на културата во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012-2013 година

До 20 февруари 2012 година заинтересираните национални институции, здруженија на граѓани и поединци можат да поднесат предлог-проекти до Министерството за култура за реализација на активности од областа на културата во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012-2013 година.

Предлог-проектите треба да бидат во согласност со програмските активности содржани во Програмата и буџетот на УНЕСКО за 2012-2013 - 36 Ц/5, усвоена на 36-та седница на Генералната конференција која може да се најде на официјалната веб страна на УНЕСКО – линк:

  http://unesdoc.unesco.org/images/0019/001919/191978e.pdf.

Во формуларот на УНЕСКО за оваа Програма кој треба да се пополни, во точката 8 треба да се цитира поглавјето и параграфот од Програмата. Предлог-проектите треба да се достават на англиски или француски јазик во форма на формуларот на УНЕСКО придружени со примерок-апстракт на македонски јазик.

Одбележуваме дека секоја  држава членка,  преку својата  Националната комисија за УНЕСКО,   може да поднесе најмногу до 10 барања (од областите  на  науката, образованието и културата  по 3 предлози, и од областа животна средина 1 или најмногу 2 предлози). За национални проекти УНЕСКО финансира до 26.000 $, за интеррегионален или субрегионален проект  35.000 $ и за регионален 46.000 Предлог проектите по области се селектираат од страна на ресорните министерства, а конечниот избор  се врши од страна на УНЕСКО. Подетални информации за условите и постапката за  избор на предлог проектите може да се  најдат во Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012  - 2013 година  - 36 Ц/5, на интернет страна на УНЕСКО (www.unesco.org).

Формуларите за поднесување на предлози за проекти може да се симнат од следнава интернет адреса:

http://portal.unesco.org/en/ev.php-URL_ID=32042&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html

Лица за контакт:

Лидија Топузовска,  тел. 3240 517,   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

и  Татјана Краљевска-Лазарова,  тел. 3240 591,   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia