Јавен конкурс за избор на директор на Националната установа - Манифестација Струшки вечери на поезијата - Струга

Врз основа на член 30 став 1 и член 34 став 4 од Законот за културата (“Сл. весник на Република Македонија” бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), Министерството за култура повторно распишува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на директор на Националната установа -

 Манифестација Струшки вечери на поезијата - Струга

 

I

            Покрај општите услови утврдени со закон, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:

1. Да има соодветно високо образование - (ВИИ/1-степен);

2. Да има над три (3) години работно искуство во областа на културата;

3. Да има познавање од еден странски јазик;

II

Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2012-2016), во согласност со Законот за културата, како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

- пријава со кратка биографија;

- доказ за завршено високо образование;

- доказ за работно искуство;

- доказ за познавање на еден странски јазик;

- уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

III

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16,30 часот последниот ден од конкурсот.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia