КОНКУРС за учество во финансирање на проекти за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година

Врз основа на член 64 став 1 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18) Министерството за култура распишува ...

Logo_novo_1


КОНКУРС

за учество во финансирање на проекти за

манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година


1. Општи одредби

Со цел да се промовираат европските културни вредности, односно преку млади таленти, тие да се дисперзираат во локалните средини, за да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда, Министерството за култура, со средствата од Буџетот на Република Македонија ќе ја реализира манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година.

2.Право на учество

Поради определбата за отвореност кон граѓанскиот сектор, интенцијата и на годинешната манифестација е да се поттикне и активира независната културна сцена и да се создадат еднакви можности за сите, поради што право на учество имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата. На овој начин Министерството за култура ќе обезбеди „култура до сите и за сите“, и тоа со рамномерна географска застапеност на културата во сите плански региони.

Предлог-проектите може да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво, самостојни и групни изложби; солистички, камерни и симфониски, етнофолклорни, рок и џез-концерти; театарски претстави и филмски проекции, или, пак, содржините да имаат  мултимедијален и интердисциплинарен карактер (акции, ликовни интервенции во урбан простор, хепенинзи, перформанси и сл.). Локациите за нивното одржување може да бидат во установите од областа на културата, но и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои може да се „оживеат“ и да се „рестартираат“ како уметничка сцена.   

Манифестацијата ќе се одвива од 10 декември до 20 декември.

Предност имаат мали мобилни проекти, кои како активност се планирани за неколку регионални локални средини.

3. Начин на аплицирање и рок за поднесување

Пријавувањето се врши со доставување уредно пополнета пријава која  треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура  (www.kultura.gov.mk)

Конкурсниот рок трае од 5.11.2018 до 4.12.2018 година, а конкурсната комисија ќе одлучи во согласност законски утврден рок.

 

Со пријавата  задолжително треба да се приложат следниве документи:

- Изјава или преддоговор со авторите/изведувачите или со правните/физичките субјекти вклучени во проектите;

- За активности кои се организираат со соработка на два или повеќе апликанти или неформални групи и поединци, треба да се назначи кој е носителот на проектот.

Пријавата се доставува во Министерството за култура во печатена форма по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје, или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16.00 часот на последниот ден од Конкурсот.

Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот; доставени по електронска пошта; пополнети на несоодвете образец; нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена докумантација која задолжително се бара.

Пријавата конкурсот се става во затворен  плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ’’. Затворениот плик се става во друг плик заедно со ОБРАЗЕЦОТ - Пријавен лист. На надворешната страна на пликот се става адресата на Министерството за култура.

Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.

4.Процент на учество

Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за конкурсот во Буџетот на Република Македонија за 2018 година и бодирањето на стручната комисија од областа.

IV.1. Бодирање на проектите (максимум 100 бода):

- референтна листа на претходно реализирани проекти - до 10 бода (опционално);

- опис на проектот – уметничка  вредност (цели и очекувани резултати) - до 40 бода (опционално);

- буџет на проектот (оправдани трошоци со понуди, преддоговори, договори, изјави и сл.)- до 30 бода (опционално);

- план на активности и видливост на проектот - до 10 бода (опционално);

- проекти од непрофитен карактер - до 10 бода (опционално).

IV.2. Финансирање врз основа на бодирање:

0 - 65 бода - проектот нема да биде финансиран од страна на Министерството за култура;

66 - 75 бода - проектот ќе се финансира до 40% од планираните трошоци (од страна на стручната комисија ќе се утврди кои ставки и/или линии од буџетот ќе бидат финансирани);

76 - 95 бода - проектот ќе се финансира од 40% до 85% од планираните трошоци (од страна на стручната комисија ќе се утврди кои ставки и/или линии од буџетот ќе бидат финансирани);

96 - 100 бода - проектот ќе се финансира од 85% до 100% од планираните трошоци (носителот на проектот има право на пренамена на 20% од средствата во буџетот).

 

5. Известување за резултатите од Конкурсот

За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени во согласност со закон.

6.Потпишување на договор

За реализацијата на прифатените проекти кои ќе бидат составен дел од манифестацијата ,,Млади Европејци“  2018 година, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори.

7. Дополнителни  информации 

Дополнителни  информации  во врска со Конкурсот може  да   се   добијат   во Секторот за дејности од областа на културата и уметноста кај Исмаил Мислими на тел.бр. 078-333-415 и кај Снежана Иванова-Китанова на   тел.бр. 02/ 3240-548, секој работен ден до 16:00 часот.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Конкурс  за учество во финансирање на проекти за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година 

Пријава за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година

Пријавен лист за конкурсот Млади Европејци во 2018 година


  

                                                                                                                                                                                                 

                                                                                                                                                                                                    




kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia