Користење простор во Старата скопска чаршија

Писмо за интерес за користење простор во Старата скопска чаршија за остварување активности од различни области на културата и уметноста, како и од независната културна сцена

Занаетите во Скопје се развивале низ вековите и го достигнувале своето совршенство, оставајќи ни во наследство, традиционални вредности. Занаетчиството е значаен сегмент за економскиот и културниот развој на земјата и претставува значаен развоен потенцијал. Старата скопска чаршија со сета своја убавина и услови кои ги нуди, претставува одлична локација за развој и делување на повеќе занаети.

За таа цел Министерството за култура ја информира јавноста дека постои можност дел од објектите во сопственост на Република Македонија, а кои  се наоѓаат во рамките на Чаршијата, да бидат дадени на користење на занаетчиите кои ќе ја развиваат и промовираат занаетчиската  дејност.  Со тоа преку изработка на  производи што ќе бидат спој меѓу старото, традиционалното и современото ќе се зачува креативно-продажниот сегмент во занаетчиството.

Ги повикуваме сите занаетчии кои се заинтересирани за користење на простор во Старата скопска чаршија, со цел промоција на занаетчиската дејност, да достават до Министерството за култура писмо за интерес во кое ќе ги образложат своите активности, како и приближната големина на просторот каде што планираат да ги реализираат.

Во прилог кон писмото за интерес треба да се достави информација дали субјектот располага со сопствени или со алтернативни извори на средства кои би ги ставил на располагање за реализација на активностите и за евентуално реновирање (преправки) на просторот. Објектите ќе бидат користени според режимот за заштита на старото градско јадро на споменичната целина Стара скопска чаршија.

Писмата за изразување интерес треба да бидат доставени електронски, на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна  до 20 мај 2012 година.

Министерството за култура



kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia