К О Н К У Р С за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2019 година

Врз основа на член 16 став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура распишува ...

Logo_novo_1

 

К О Н К У Р С

за доделување месечни надоместоци

на самостојните уметници за 2019 година

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2019 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход.

II. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Право на учество на Kонкурсот имаат самостојни уметници кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија  како трговец-поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва.

III. КРИТЕРИУМИ

Основни критериуми за доделување на месечните надоместоци на самостојниот уметник се уметничките вредности на неговото творештво и на неговите изведби и активности во текот на последните пет години.

Надоместок ќе му се додели на самостојниот уметник кој:

  • ги исполнува критериумите по одделни видови уметничко творештво утврдени во Правилникот за утврдување на критериумите за доделување месечни надоместоци од средства од Буџетот на Република Македонија за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход на самостојните уметници („Службен весник на РМ“ бр. 180/2017).

Правилникот е објавен на веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk.

 

IV. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, се презема од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk и се пополнува во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува и се доставува во печатена форма во Министерството за култура.
  • Пријавата со целокупната придружна документација (наведена во пријавата) се доставува до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството, најдоцна до 16:00 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.
  • Конкурсот трае до 14.12.2018 година.

V. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

  • Сите учесници на Конкурсот за резултатите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата.
  • Со самостојните уметници коишто добиле поволности на Конкурсот, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори во коишто ќе се утврдат условите и обврските на самостојните уметници за користење на месечниот надоместок.

VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • За дополнителни информации, учесниците на Конкурсот може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата во Секторот за дејности од областа на културата и уметноста, на тел. 02/3240 - 547, 3240 - 548 и 3240 - 556 и во Секторот за издавачка дејност, на тел. 02/3240 - 574 и 3240 - 575, секој работен ден од 9 до 15 часот.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Република Македонија

www.kultura.gov.mk

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia