Поднесување на предлог-проекти од областа на културата во рамките на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културната разноликост за 2013 година

Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО

Информира дека до 15 јуни 2012 година заинтересираните национални и јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог-проекти до Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО,  за реализација на активности од областа на културата во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост за 2013 година.

Предлог - проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања.

Формуларот за предлог проектот и водичот како треба да се пополни истиот може да се најде на следниот линк:

http://www.unesco.org/new/en/culture/themes/cultural-diversity/diversity-of-cultural-expressions/how-to-apply/

Предлог-проектите треба да се достават во два примерока на англиски или француски јазик во форма на формуларот на УНЕСКО придружени со еден примерок на македонски јазик.

Одбележуваме дека секоја држава – членка може да поднесе до УНЕСКО 4 предлог проекти (два чиј носител е национална/јавна институција и два чиј носител е здружение на граѓан ), со посредство на Националната комисија, најдоцна до 30.06.2012 г.