КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2019 ГОДИНА“

                                          makrm

Врз основа на член 64 став (1),  член 60 став (3) и член 8 став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15,154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура распишува ...

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС,

МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2019 ГОДИНА“

l

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се овозможи достапност на културните вредности за граѓаните, како и да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2019 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2019 годинa“.

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

  • На Конкурсот може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје и општините кои се дел од градот Скопје.

 

III. ПРИОРИТЕТИ, КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА

  • Приоритетите, критериумите и мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на проектите се содржани во пријавата, која е составен дел од Конкурсот.

IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

  • Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2019 година.

V. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која  треба да се преземе од веб–страницата на Министерствотo за култура и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, ќе биде објавена на веб–страницата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk).

  • Со пријавата, општините задолжително треба да достават и прецизна програма на манифестацијата со краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата.
  • Пријавата и програмата во врска со Конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16:30 часот на последниот ден од Конкурсот.
  • Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.
  • Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.
  • Конкурсниот рок ќе трае до 4 јануари 2019 година.

 

 

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

 

  • За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени согласно со закон.

VII. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР

 

  • За  реализација на прифатениот проект, Министерството за култура ќе склучи договор со учесникот којшто добил поддршка на Конкурсот, во кој ќе се утврдат условите и обврските за користење на средствата.

 

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

  • За  дополнителни  информации во врска со Конкурсот заинтересираните може  да   се   обратат  на   телефонските  броеви  02/3240597 и 02/3240628 во Одделението за центри на културата, фолклор и музичко-сценска дејност.

 ПРИЈАВА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia