Врз основа на член 30 став 1 и член 34 став 4 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07 и 15/08), Министерството за култура распишува
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директор на Националната установа
Фестивал Охридско лето - Охрид
I
Покрај општите услови утврдени со закон, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве посебни услови утврдени со Статутот на установата:
1.да имаат завршено високо образование ;
2.да имаат работно искуство од една до пет години;
3.да имаат познавање на еден од светските јазици;
II
Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2011-2015), во согласност со Законот за културата, како и следниве документи (оригинал или заверен препис кај нотар):
-пријава со кратка биографија;
-доказ за завршено високо образование;
-доказ за работно искуство;
-доказ за познавање на еден светски јазик;
-уверение за забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци).
III
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.61 – Скопје или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16.30 часот на последниот ден од конкурсот.
Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. За резултатите од конкурсот, кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА