Конкурс за избор на директор на Националната установа Национална и Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски-Скопје

Врз основа на член 30 став 1 и член 34 став 4 од Законот за културата “Сл. весник на Република Македонија” бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), Министерството за култура распишува:

Јавен Конкурс за избор на директор на Националната установа

Национална и Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски-Скопје

I

            Покрај општите услови утврдени со закон, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:

1. Висока стручна подготовка од областа на општествено - хуманитарни науки;

2. Работно искуство најмалку 5 (пет) години;

II

Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2012-2016), во согласност со Законот за културата, како и следниве документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

- пријава со кратка биографија;

- доказ за завршено високо образование;

- доказ за работно искуство;

- потврда дека нема забрана за вршење професија,

  дејност или должност (не постаро од шест месеци);

III

Министерството за култура ги повикува сите заинтересирани лица кои поседуваат менаџерски и стручни квалификации за раководење на Националната установа Национална и Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски - Скопје да достават пријави по конкурсот за избор на директор на оваа комплексна установа.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16,30 часот последниот ден од конкурсот.

Националната установа Национална и Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски - Скопје има развојна културна, образовна и информативна функција во севкупниот општествен живот во Република Македонија и оттука е потребно во програмата за работа на установата да се понудат остварливи цели и мерки со кои во следниот период ќе се унапредат и афирмираат сите дејности на библиотеката.

Пријавите по конкурсот ќе ги разгледува стручна комисија која ќе го изврши изборот врз јасно утврдени критериуми за избор.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

                                                                         МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia