Конкурс за драмски текст за свеченото отворање на возобновениот Стар скопски театар

Возобновувањето на Стариот скопски театар е дел од капиталните проекти на Министерството за култура во рамките на Програмата на Владата на Република  Македонија. Со изградбата на објектот „Стар театар“, нашата држава за првпат ќе добие репрезентативен театарски објект со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси. За таа цел, по повод свеченото отворање на овој објект, Министерството за култура распишува

Конкурс

за драмски текст за свеченото отворање на возобновениот Стар скопски театар

На овој конкурс авторите може да пријават свои драмски текстови, пишувани на македонски јазик, досега необјавени и неизведени.

Секој автор може да пријави само еден текст.

Авторите можат целосно да ги земат предвид и сите технолошко-технички можности на системите од сценската механика, сценското осветлување, аудиосистемот и видеопроекцискиот систем интегрирани во делот на големата сцена (заинтересираните автори може да го добијат техничкиот опис на карактеристиките на сцената во Министерството за култура како посебен прилог).

Текстовите ќе ги оценува комисија од компетентни лица именувана од министерот за култура.

На авторот на избраниот текст ќе му се додели авторски надоместок во  износ од 600.000 денари за ексклузивно пренесување на авторските материјални   права за праизведба на делото на големата сцена на театарот на денот на свеченото отворање.

Авторот на избраниот текст, за ексклузивното пренесување на авторските материјални права, ќе склучи договор за изведување на делото со надлежниот орган на театарот, кој е во постапка на основање, во согласност со Законот за авторското право и сродните права. Правата ексклузивно се пренесуваат за период од пет години, сметано од денот на склучување на договорот. 

Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Драмски текст за свечено отворање на возобновениот Стар скопски театар и шифра (најмногу 5 знаци - букви или броеви).

Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса).

Текстовите треба да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје или да се предадат во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот. 

Конкурсот ќе трае до 30 септември.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.

Неизбраните текстови ќе им бидат вратени на авторите.

За дополнителни информации може да се обратите на тел. 02 3240 548.

Министерство за култура

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia