Конкурс за финансирање манифестација од национален интерес ,,ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2013 ГОДИНА’’

Конкурс за финансирање манифестација од национален интерес ,,ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2013 ГОДИНА’’

пријава „Топол културен бран“

Врз основа на член 65 став 1 и став 4, а во врска со член 63 став 1 точка 9 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05 ,24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), Министерството за култура распишува

КОНКУРС

за финансирање манифестација од национален интерес

,,ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2013 ГОДИНА’’

I.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИОРИТЕТИ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС

Со цел да се поттикнат рамномерниот културен развој, афирмацијата на културните вредности и анимирањето на културата на локално ниво и да се обезбедат услови за достапност на културните вредности до граѓаните и за нивно користење, Министерството за култура во 2013 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата ,,Топол културен бран“.

На конкурсот може да учествуваат општините во Република Македонија. Манифестацијата ќе се реализира преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа како партнерство за остварување на културните потреби на сите граѓани.

Манифестацијата ќе се реализира во две етапи: првата од 20 до 31 јули и втората од 20 до 31 август 2013 година. 

II. УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

На конкурсот, општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

Програмскиот концепт може да содржи самостојни и групни ликовни изложби, концерти од сите музички форми и жанрови (солистички, камерни, симфониски, популарни, етно и џез концерти, концерти на фолклорни и на хорски ансамбли и слично), изведби на класичен и на современ танц, филмски проекции, драмски претстави, проекти наменети за најмладата популација, поетски читања и друго.  

Министерството за култура ќе учествува во финансирањето на најмногу пет проекти распоредени во двете етапи.

Учесниците ќе бидат писмено известени за резултатите од конкурсот.  

За реализација на прифатените програми кои ќе бидат составен дел од манифестацијата ,,Топол културен бран 2013 година’’,  Министерството за култура ќе склучи поединечни договори со општините.

Пријавувањето на проектите ќе се врши со пополнување на пријавата  која ќе биде објавена на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk). 

III. НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, а ќе биде објавен и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

Пријавите треба да се достават до Министерството за култура по пошта, на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“, бр. 61, Скопје, или во писарницата на Министерството најдоцна до 16 часот на последниот ден од конкурсот.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат   на   тел. 02/ 3240-554 и 3240-556.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia