Предлог Закони

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Предлог закон ...

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЧКАТА ДЕЈНОСТ

Издавачката дејност во Република Македонија е дефинирана со Законот за културата, и тоа како издавање публикации со уметничка, научна и образовна содржина во книжен и електронски облик во доволен број примероци што се умножуваат со печатење, пресликување, копирање или на друг начин, доколку и се наменети на јавноста ...

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Законот за заштита на културното наследство е основна нормативна рамка  според која се осварува заштитата на културното наследство во Република Македонија ...

Повеќе...

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА

СООПШТЕНИЕ

Основниот текст на Законот за културата е донесен во 1998 година. Примената на Законот и проблемите што беа евидентирани при неговото спроведување, повеќепати упатуваа на потреба од негово изменување и дополнување. Измените и дополнувањата се извршени во: 2003, 2005, 2010, 2011 и 2012 година.

Тргнувајќи од актуелните општествени текови, стекнатите искуства од практичната примена и повеќето измени, се наметнува потребата од донесување на нов закон кој ќе ги подобри односите и формално-правниот систем на остварување на културата.

Повеќегодишната примена на Законот покажа дека одделни одредби не се доволно прецизни,  додека, пак, дел од прашањата во меѓувреме се регулирани со други посебни закони, поради што не постои потреба од нивно натамошно регулирање со пропис од областа на културата. Исто така, се појави потреба за терминолошко усогласување на одредбите од овој закон со другите системски закони од областа на културата. Законот за културата, и покрај тоа што го утврдува националниот интерес, на недоволно јасен начин го дефинира јавниот интерес во културата, а не ги детектира ни принципите за остварување на јавниот интерес во културата.

Тргнувајќи од актуелните состојби и искуствата од 15-годишната примена на Законот за културата, како и поради потребата од доизградба на правниот систем во кој се остварува културата, усогласен со странските компаративни искуства, се покажа потребата од  преиспитување на нормативното регулирање на културата.

За таа цел, Министерството за култура пристапи кон изготвување на План за проценка на влијанието на регулативата, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за култура.

Министерството за култура во наредниот период ќе го објави и текстот на предлогот за донесување на закон за остварување на јавниот интерес во културата, за кој што ќе биде организирана јавна дебата.

Повеќе...

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

СООПШТЕНИЕ
за  започната постапка за изготвување на Предлог на Закон  за
издавачка дејност

Заради потребата од создавање на подобри услови за вршење на издавачката дејност и  стимулативно влијание на подобрувањето на условите за преведување на делата од домашни автори на странски јазици, пласманот на публикациите во странство и нивно претставување на меѓународни саеми и изложби,  утврдување на стандарди во уредувачката политика на публикациите, Министерството за култура  пристапи кон изготвување на Предлог на Закон за издавачка дејност.
За таа цел Министерството го објавува образецот План за проценка на влијанието на регулативата подготвен во врска со донесување на нов закон за издавачка дејност.
Министерството за култура во наредниот период ќе го објави и текстот на предлогот за донесување на закон за издавачка дејност, за кој што ќе биде организирана јавна дебата.

Повеќе...

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia