Законот за заштита на културното наследство е основна нормативна рамка според која се осварува заштитата на културното наследство во Република Македонија ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОН
Назив на министерството |
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА |
|
Назив на предлог законот |
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО |
|
Краток опис на проблемот |
Законот за заштита на културното наследство е основна нормативна рамка според која се осварува заштитата на културното наследство во Република Македонија. Како системски закон, опфаќа прашања што се од значење за единството на системот на заштита на културното наследство, како и прашања што се заеднички за повеќе сродни или различни видови културно наследство и правни институти и процеси за функционирањето на оваа област. Во досегашното имплементирање на Законот за заштита на културното наследство се наметнаа извесни согледувања за потребата од одредени интервенции во неколку сегменти од Законот: неопходноста од терминолошко усогласување со домашни или меѓународни правни акти; потребата од прецизирање на одредени дефиниции како и надминување на одредени слабости, нелогичности и преоптеретување во процедурите на спроведувањето на дејноста, заради што во Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2014 година предвидено е донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство |
|
Цел на предлог законот |
Целта на Предлог законот е унапредување на заштитата на културното наследство |
|
Временската рамка за изготвување на предлог законот |
Крај на месец декември 2014 година |
|
Начин на вклучување на засегнатите страни |
Јавно известување на веб страната на Министерството за култура, ЕНЕР – Единствен национален електронски регистер на прописи на Република Македонија (http://www.ener.gov.mk/), организирање на јавна расправа во текот на месец октомври 2014 година, како и обезбедување мислење по текстот на предлог на законот од стручни здруженија од оваа област, установи за заштита и од други релевантни субјекти. |
|
Најава за јавен увид и јавна расправа |
Да |
|
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР |
||
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите |
Министерство за култура ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61, Скопје Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |
|
Одговорно лице за контакт во министерството |
Весна Илиевска-државен советник за правни работи |
|
Други информации |
Сите коментари и забелешки по текстот на законот можат да се достават најдоцна до 10.10.2014 година |
ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО