ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КУЛТУРАТА

Ве информираме дека со донесување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство произлезе обврската за усогласување и на Законот за културата како и на другите посебните закони во јавниот сектор

 Соопштение за  јавна расправа за изготвување на Предлог на Закон  за

изменување на Законот за културата

Ве информираме дека со донесување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија бр. 6/12),  произлезе обврската за усогласување и на Законот за културата („Службен весник на Република Македонија бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11 и 51/11) со овој Закон, што е ргулирано во преодните одредби, каде е утврдено дека посебните закони во јавниот сектор треба да се усогласат со Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Со Законот за културата што е во сила, е регулирано дека националниот интерес во културата може да се остварува преку концесија и дека за вршење на концесија се применуваат општите прописи за концесија. Досега во Законот не беше посебно регулирано остварувањето на јавните приватни партнерства во културата и тие може да се остваруваат според општите законски одредби за јавни приватни партнерства.

Во врска со изготвувањето на измените на Законот за културата, Министерство за култура заради остварување на јавна расправа го објавува текстот на Предлог законот за измена на Законот за културата, со пропратните документи за негова подготовка и РИА обрасците (на локацијата во менито Легислатива во подмени Закони), со цел за запознавање на пошироката јавност со оваа активност на Министерството за култура и за овозможување на нејзино вкулчување во неговата подготовка до крајот на оваа година.

Заинтересираните субјекти кои имаат свои предлози за измена или дополнивање на предложените законски одредби, можат до 15.10.2012 год. своите предлози и мислења да ги достават до Министерството за култура на лицето за контакт:

Магдалена Диковска – раководител на одделение за Нормативно управни работи

Тел: 3240-532

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia