Заменик-министер за култура

Zamenik_fotografija

Заменик- министер за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски

Роден е на 18 јули 1965 во Скопје. Дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје, во 1989 година, оддел за актерство.

Веќе 24 години работи како актер во Театарот за деца и младинци, во Македонскиот народен театар и на други приватни театарски проекти. Тој е прв професионален актер вработен во Театарот за деца и младинци, со целосен ангажман за едуцирање и создавање на театарска публика од најрана возраст.

Досега има педесетина улоги на репертоарот на Театарот за драмски уметности. Добитник е на 5 меѓународни награди за актерско остварување и една специјална награда за куклена анимација, меѓу кои Наградата за најдобро актерско остварување за улога во претставата „Крале Марко“ на Меѓународниот фестивал на театри за деца - Суботица, СР Југославија (1999), Награда за најдобро актерско остварување за улога во претставата „Лакомата Меца“ на Меѓународен куклен фестивал на мали форми - Крагујевац, СР Југославија (2001), Награда за најдобро актерско остварување за претставата „Попот и неговиот слуга Будал“ на Меѓународниот куклен фестивал  Златна Искра  - Крагујевац, Р. Србија (2007), со која добива награда за најдобро актерско остварување и на Которскиот фестивал на театри за деца - Котор, Р. Црна Гора (2007), а добитник е и на Специјална диплома за куклена анимација „Папагалчето Рики“ на Меѓународниот куклен фестивал  Златна Искра  - Крагујевац, Р. Србија и Црна Гора (2004)

Бил советник на главниот менаџер во врска за репертоарна политика, изготвување на годишни програми на театарот, водење на статистика за целокупното работење на театарот. Во неговото работно искуство се вбројува и синдикалната функција претседател на СОНК при Театар за деца и младинци, а работел и како професор на предметот Драма на Американ скул Македонија – Скопје.

Специјализиран е за улоги во детски претстави, особено за водење на кукли, а има и долгогодишно искуство во позајмување на гласот за синхронизирање на телевизиски и радио реклами, како и за долгометражни филмови и кратки серии.

Контакт со Кабинетот на заменик-министерот:
Тел:  (02) 3240 523, Факс: (02) 3240 561
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia