ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ЗА 2016 ГОДИНА

Врз основа на член 61 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/2014), Министерството за култура донесува ...

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС

ВО КУЛТУРАТА ЗА 2016 ГОДИНА

Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013), која предвидува поддршка на традиционалните творечки и применети уметности и заштита на културното наследство, како и создавање општествен амбиент на нови технологии во сферата на културата и уметноста, донесува Годишен план за остварување на националниот интерес во културата за 2016 година.  

Со Годишниот план се утврдуваат следниве општи насоки за остварување на националниот интерес:

-           поттикнување на уметничкото творештво (преку конкурси за откуп на ликовни дела и скулптури од мал формат, откуп на музички дела за различни формации, откуп на публикации и на други книжевни дела, нарачка на драмски текстови на автори од РМ, поддршка на проекти од национален интерес во културата на националните и на локалните установи, како и на други правни и физички лица во музичко-сценската, драмската, издавачката, ликовната и други дејности);

-           достапност на уметничкото творештво (преку поддршка на манифестации, фестивали, изложби и други содржини);

-           континуирана заштита на движното и на недвижното културно наследство и негова промоција (преку  обезбедување услови за заштита и ревитализација на културното наследство со цел негово натамошно одржливо користење, развој на културниот туризам, збогатување на музејските збирки и поддршка на развојот на новите музејски форми, достапност на библиотечните фондови за корисниците и нивна дигитализација и реставрација и дигитализација на македонската филмска продукција);

-           негување на духовното културно наследство (преку поддршка на проекти за негување, меморирање и популаризација на духовното културно наследство);

-           обезбедување услови за рамномерен културен развој (преку  поддршка на проекти кои овозможуваат мобилност на уметниците и размена на културните содржини);

-           остварување меѓународна соработка во културата (преку поддршка на проекти за учество на уметниците од РМ на интернационални настани, поддршка на комплексни манифестации што ги афирмираат културата и уметноста на РМ, поддршка на традиционални меѓународни културни манифестации во државава и проекти кои се во функција на зацврстување на позицијата на РМ во меѓународните организации);

-           задоволување на културните потреби на заедниците во Република Македонија (преку поддршка на проекти со кои се афирмираат културните вредности на заедниците во РМ, како и проекти кои го поттикнуваат интеркултурниот дијалог);

-           дигитализација на културното наследство и на современото уметничко творештво (преку поддршка на проекти за дигитализација на музичкото, драмското, танцовото и ликовното творештво, како и на културното наследство);

-           воведување нови технологии во установите од областа на културата;

-           поддршка на културни активности на млади (преку застапеност на програми за децата во националните установи од областа на културата, како и поддршка на проекти за претставување на младите  таленти);

-           културни активности на независниот културен сектор (преку поддршка на иницијативи и проекти на граѓански здруженија и поединци кои внесуваат иновативност и разновидност во културните случувања)

-           развој на креативните индустрии (преку поддршка на проекти за развој на дизајнот, традиционалните вештини и занаети и др.);

-           достапност на културата за лицата со посебни потреби (преку поддршка на проекти кои овозможуваат поголема вклученост на лицата со посебни потреби во креирањето на културните содржини).

За поддршка на националниот интерес во културата, Министерството за култура во септември 2015 година ќе објави  годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес за следниве одделни области и активности од културата за 2016 година:

 

1. Заштита на движно, недвижно и нематеријално културно наследство

 

2. Уметничко творештво

2.1. Издавачка дејност и литература

2.2. Драмска дејност

2.3. Музичко-сценска дејност

2.2. Фолклорна и сценско-уметничка дејност

2.5.  Визуелни уметности, архитектура и дизајн

3. Меѓународна дејност

 

4. Европски интеграции

Во текот на годината Министерството за култура ќе објавува и други конкурси за поддршка на проекти кои се во функција на остварувањето и спроведувањето на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА  КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia