Министерот за култура Адеми во видео-интервју за „Макфакс“

22
Министерот за култура Асаф Адеми во интервјуто за независната новинска агенција „Макфакс“ одговара на актуелни прашања од областа на културата. Министерот Адеми најавува силна поддршка на проектите со кои се негува заедничкото културно наследство,  ветува нулта-толеранција за злобупотребите во културата, а ако некои видни личности го прекршиле законот, треба да одговараат.
Адеми потенцира дека Министерството за култура соработува со Обвинителството и специјалното јавно обвинителство и на располагање им е целата документација што им е потребна. Во интервјуто најавува дека на новиот конкурс за поддршка на проекти во Министерството за култура ќе се воведат промени во критериумите и ќе бидат оформени сосема нови комисии што ќе одлучуваат за проектите по дејности.