Интервју на министерот Асаф Адеми за ТВ Канал 5:„ЕУ и НАТО нудат подобар и подостоинствен живот и иднина за нашите млади“

Во интервјуто за ТВ Канал 5, министерот за култура Асаф Адеми на прашањето за ставот на Движњето БЕСА околу референдумот вели:„Ние го поддржуваме и правиме максимални напори референдумот да биде успешен. Договорот е постигнат, но еден од улсовите е и рефендумското изјаснување да биде позитивно ...

intervju_minister_600

Нема ништо да значи доколку референдумот не успее. Затоа, ние сме максимално ангажирани на терен, да зборувамње со луѓето, да им ја пренесеме реалната слика-како Македонија од една земја која беше многу понапред од своите соседи, сега не може да се фали со тоа. Разликата со времето кога нашите соседи не беа во рамки на овие организации, и сегашниот момент е многу драстична.

Сакаме нашите градови и села да бидат полни со млади луѓе, но фактичката сосотојба е сосема спротивна. Имаме градови и села каде што не може да се чујат звуци на млади или на деца кои играат на игралиштата. Нашите градови стануваат градови на духови, не може да најдете луѓе во вечерните часови, за жал. Но, тие сакаат да имаат подобар живот, сакаат да имаат достоинствен живот. Тоа е она што го нуди Европската Унија,  тоа е она што ќе ни гарантира безбедна држава доколку ние брзо станеме членка во НАТО.

Албанците се граѓани на оваа земја и сакаме да живееме во држава во која и сите други би сакале да живеат. Ако продолжиме да живееме во држава која не нуди надеж, тогаш ќе останеме без млади, а тогаш, за што зборуваме.

Повеќе детали прочитајте во видео-интервјуто кое што е во прилог.