Хуманитарен концерт за помош за настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска


092_dobrotvoren_koncert

Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска ... 

045_dobrotvoren_koncert

017_dobrotvoren_koncert_320На концертот, кој беше во организација на Владата на Република Македонија, настапија голем број македонски естрадни ѕвезди, меѓу кои: Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски... 

Влезниците беа по цена од 150 денари, а до пред почетокот на концертот, според изјавата на  министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа продадени околу 11.000 билети.

Отворени беа телефонските броеви за донации 070143400, 075143400 и 078143400, на кои со едно јавување, граѓаните донираа 100 денари + 18 отсто ДДВ и имаа можност да разговараат со министри во Владата, претставници на јавниот живот, пејачи, музичари, спортисти... На концертот присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

079_dobrotvoren_koncertБеше упатен и повик до големите компании да донираат средства на жиро-сметката на Црвениот крст на Република Македонија 00000001327966, даночен број 4030984271520, Комерцијална банка.

За помошта што Македонија им ја дава на овие земји се заблагодарија амбасадорите на Србија, Душанка Дивјан-Томиќ, и на Босна и Херцеговина, Здравко Беговиќ.  

Средствата од хуманитарниот концерт, како и средствата што треба да се соберат од претстави и концерти кои ќе бидат реализирани и изведени од нашите театри, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, ќе бидат префрлени на посебна жиро-сметка, а потоа ќе им бидат предадени на настраданите во поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина.

049_dobrotvoren_koncert

028_dobrotvoren_koncert

07_dobrotvoren_koncert


ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia