Министерот Алаѓозовски на средба со визуелниот уметник Анри Сала

Светски познатиот визуелен уметник, Анри Сала, кој деновиве го посетува Скопје правејќи подготовки за неговата изложба што ќе се одржи во Даут Пашиниот Амам идната година, беше примен од министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

Sala3_28jun2017

Алаѓозовски и Сала разговараа за текот на подготовките на изложбата, која се организира од страна на Н.У Национална галерија на Македонија. Министерот Алаѓозовски ја потврди поддршката на министерството за овој вид проекти, кои ги приближуваат модерните светски уметнички достигнувања до публиката во нашата земја. Сала го информираше министерот за текот на подготовките, при што ја истакна одличната соработка со претставниците на нашите културни институции и најави изложба, која ќе ги задоволи вкусовите на љубителите на визуелната уметност во земјава.  

Анри Сала е визуелен уметник кој потекнува од соседна Албанија, а моментално живее и твори во Берлин. Неговите дела се особено актуелни на меѓународната сцена во последниве неколку години. Изложувал во најголемите центри на уметноста ширум светот, а за неговите дела пишувале едни од најугледните светски медиуми, како Њујорк Тајмс и Гардијан, како и многу реномирани специјализирани списанија за визуелна уметност. 

Sala3_28jun2017

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia