Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски присуствуваше на отворањето 10 Македонско културно лето, што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“.
На свеченото отворање присуствуваше и делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Посетителите имаа можност да ги видат претставите „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци, „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“ во изведба на Театар Џинот од Велес, како и „Приказните на заборавените предци“ на Народниот театар од Слоештица.
Македонското културно лето трае до денес, 31 јули 2017 , а завршува со мјузиклот „Циклус Македонија“ на Здружението „Сонце“ пред чие одржување ќе бидат доделени и награди.