Собраниската комисија за култура усвои 9 амандмани за подобрување на текстот на Националната стратегија за културата 2018-22

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на денешната 12. седница, во присуство на министерот за култура Роберт Алаѓозовски ја разгледа Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година и Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија. Едносгласно беа усвоени предложените 9 амандмани од пратениците на Собранието...

komisija_sobranie

Амандманите произлегоа од јавната расправа што ја организираше Комисијата за култура неодамна, а на која, како што потсети претседателката на Комисијата, Ирена Стефоска, учествуваа претставници на институции од сите дејности во културата, кои изнесоа свои аргументи и  коментари, забелешки, предлози и сугестии во однос на Предлог-националната стратегија. Откако беа усвоени амандманите, министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека е задоволен од предлозите кои се во насока на унапредување и подобрување на текстот на Националнта стретигија за култура и се во интерес на сите  засегнати страни и на граѓаните на земјата.
Амандманите се главно донесени со образложение за усогласување на Националнта стратегија со Акцискиот план, и се однесуваат на конкретизирање и проширување на некои аспекти во однос на департизацијата и нормализацијата во културата, каде што одлучувачкото учество се проширува и со претставници на репрезентативните, уметнички и стручни здруженија во уметнички совети, управни тела и други работни тела и комисии, потоа во заштита на културното наследство со потребата од евалуација и изработка на посебна листа на најзагрозени добра на недвижното културно наследство, и со ставање посебен акцент на активирање на индок центрите во матичните музеи.
Текстот на Националната стратегија се надополнува и со потреба од разработка на студиска програма за прв циклус студии и други модели на едукација од областа на конзервација и реставрација на културното наследство, како и со утврдување на потреба и можности за формирање на мали оркестри и хорови во градови кои имаат факултети за музичка уметност.
Усвоен е и амандман, со кој се додава ставање акцент на превентивната конзервација; усвојување стандарди; едукација на кадарот за чување и ракување со културните добра; изготвување планови за заштита, евакуација и спасување и обука на кадарот во сите музеи.
По денешното усвојување, амандманите станаа составен дел од Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 годин и Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија, документ што ќе се гласа на следна седница на Собранието на РМ.
komisija2